Традиционално, по повод Светскиот ден на штедење, 31ви октомври, Македонската банкарска асоцијација доделува признанија за најдобри банкарски службеници во комерцијалните банки во Македонија.
Со големо задоволство ги објавуваме најдобрите банкарски службеници во Охридска банка АД Скопје за 2020 година.
Честитки до Христина Веселиноска – Референт за односи со индивидуални клиенти од експозитура Центар, Арден Рамадани – Благајник од експозитура Тетово и Игор Гагалески – Референт за односи со корпоративни клиенти од експозитура Централа Скопје.