ПОВЕЌЕ

    Најбогатиот човек во Индија собра инвестиции од 27 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Помеѓу март и ноември минатата година, дури и кога вирусот ја уништуваше економијата ширум светот, најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани одлучи да се обложи на иднината на интернетот со повеќе од 27 милијарди долари.

    Повеќе од половина од таа сума пари дојде од Силиконската долина. Започна со 5,7 милијарди долари во Фејсбук во март, една од најголемите инвестиции во историјата на американската компанија. Силвер Лејк Партнерс, приватна акционерска компанија со седиште на осум километри од седиштето на Фејсбук во Менло Парк, имаше  сопствени инвестиции само неколку недели подоцна, како и Генерал Атлантик и Пало Алто.

    Визијата на Амбани расте

    Откако собра повеќе од 20 милијарди долари „се обрати“ на инвеститорите за малопродажниот бизнис. Помеѓу крајот на септември и почетокот на ноември, Reliance Retail собра околу 6,4 милијарди американски долари, од кои повеќето дојдоа од инвеститори како Силвер Лејк, Генерал Атлантик, ТПГ, како и фондот за суверено богатство на Саудиска Арабија. Малопродажниот ланец “Амбани” е најголем во Индија, со повеќе од 12.000 продавници.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично