ПОВЕЌЕ

    Најава за утре | Објава на 100-те најголеми компании по приходи во Македонија за 2019-та година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Проектот „100 најголеми“ во Македонија се реализира од 2019-та година во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк. Најголемите компании во приватна сопственост во Македонија се рангирани во листата на 100 најголеми според нивните остварени вкупни приходи за фискалната 2019-та година. Цел на проектот „100 најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите, најпрофитабилните и најголемите работодавачи. Исто така овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се претстават пред нивните кленти со печатот „100 најголеми“, а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија.

    Утре ексклузивно ќе ја публикуваме листата на „100 најголеми компании“ во соработка со БизнисМрежа.мк. Сите рангирани компании на листата се во приватна сопственост и се рангирани според нивните остварени вкупни приходи за 2019-та година.

    Останете на pari.com.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично