Традиционално по повод Светскиот ден на штедење, 31 ви Октомври, Македонската Банкарска Асоцијација ги додели признанијата за најдобри банкарски службеници во сите банки и штедилници во земјава.
Од Штедилница Можности, ова признание го доби Славе Стојанов од Сектор за правни и Општи работи.
Славе даде значаен придонес во резултатите на целокупното работење на Штедилницата, преку професионално и одговорно извршување на работните задачи, посебно во периодот на КОВИД-19 кризата, извршувајќи ги истите самостојно, но и како учесник во работни групи и тимови, велат од Штедилница Можности.