Од денес, инвеститорите имаат можност да вложат средства во две нови државни обврзници, а за тоа да добијат поволна камата. Во понудата на официјалниот пазар на подсегментот берзанска котација се и ново издадените хартии од вредност од страна на Министерството за финансии кои, за парите што ќе и се позајмат на државата, обезбедуваат стапки од 3,4,%, односно 4,85%.
Пониската каматна стапка е предвидена за тригодишните обврзници, чиј рок на доспевање е на 10 април 2028 година. Издадени се 150.700 обврзници, со вредност од 1.507.000.000 денари, односно 24,5 милиони евра.
Вредноста на втората емисија е 363.760.000 денари или 5,9 милиони евра. Опфаќа 36.376 државни обврзници, кои ќе стасаат за наплата по 15 години, на 10 април 2040 година. За нив ќе се пресметува повисоката стапка од 4,85 проценти.
Со двете нови обврзници, чија номинална вредност е 10.000 денари, а кои се без девизна клаузула, државата кај домашните кредитори се задолжува за дополнителни 30,4 милиони евра.