Стефан Андоновски во „Каде се парите“ отворено: „Министерството за економија беше најкорумпирано место во државата!“
Зошто дигитализацијата таму не се случувала со години? Дали намерно се оставала сива зона каде што корупцијата цвета?
Во оваа изјава, министерот не остава простор за дилеми — открива како институцијата била рај за фалсификати, рекетирање и криминал.
„Инаку, да не ме сфатите погрешно, сметам дека Министерството за економија какво што беше комбинација на енергетика, минерални суровини и економија, беше најкорумпираната институција која што имавме во државата. Од концесиите, начинот на давање на тие концесии, колку средства, ракетирањето на компаниите во приватниот сектор, до ракетирањето и однесувањето под притисок кон угостителството, хотелите, начинот на која се даваат ѕвездите во хотелите.
Мислам дека драматично се смени, затоа што немаме ниту една пријава дека Министерството за економија репресивно кон некого се однесува, дека некои средства се побарале. Фактот е дека процесот на дигитализација е бавен во институцијата. Тоа е факт.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.