ПОВЕЌЕ

    МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

    Време зa читање: 2 минути

    Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година:

    • Гарантиран детски додаток
    • Детски додаток
    • Посебен додаток за месец 06/2020
    • ЕПП за новороденче
    • Родителски додаток за трето дете
    • Родителски додаток за четврто дете
    • Единствен родителски додаток
    • Образовен додаток – Студирање
    • Гарантирана минимална помош ГМП
    • Туѓа нега
    • Постојана парична помош
    • Еднократна парична помош
    • Мобилност и слепило
    • Цивилна инвалиднина
    • Социјално домување
    • Социјална сигурност- социјална пензија
    • Азиланти домување
    • Парична помош за згрижувач
    • Паричен надоместок за згрижувачко семејство

    Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

    –  2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

    –  3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

    –  4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично