ПОВЕЌЕ

    Милијардерите во трка за лет во вселената, 11 или 20 јули кој прв ќе ги дофати ѕвездите!?

    Време зa читање: 2 минути

    Британскиот милијардер Ричард Бренсон на 11 јули планира да полета во вселената. Овој датум за планираната мисија „Јунити 22“ ја објави компанијата на Бренсон „Вирџин Галактик“. Но, неговото летало „СпејсШип Ту Јунити“, во кое има место за двајца пилоти и шест патници, ќе може да полета тој ден само ако времето биде убаво.

    Џеф Безос, основачот на Амазон е вториот милијардер кој сака да лета во вселената. Тој во мај најави дека летото во вселената со ракетата Њу Шепард е планиран за јули.

    Најбогатиот човек во светот Безос, проценката на неговиот богатство според Форбс изнесува 198 милијарди долари, има намера со себе во вселената да ги поведе, меѓу останатите, својот брат Марк и поранешната американска пилотка Вали Фанк. Едно место во леталото пред неколку недели беше продадено на аукција за 28 милиони долари, а сѐ уште е непознато кој го купил. Тие би требале да полетаат на висина од околу 100 километри. За споредба, авионите летаат на висина од околу 10 километри.

    Двајцата милијардери сакаат наскоро да понудат комерцијални, туристички летови во вселената. На пазарот на вселенски летови засега се наоѓа само фирмата на основачот на „Тесла“, Елон Маск. Неговиот „Спејс екс“ веќе превезе астронаути на Меѓународната вселенска станица ИСС.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично