ПОВЕЌЕ

    Кои се тројцата најбогати милијардери од Северна и Централна Америка?

    Време зa читање: 2 минути

    Од вкупно 2.095 милијардери во светот согласно листата на „Форбс“, кои се наоѓаат на секој континент, денес Ви ги претставуваме најбогатите тројца милјардери од Северна и Централна Америка.

    1. Џеф Безос е американски интернет претприемач, инвеститор и основач, извршен директор и претседател на Амазон. Тој беше прогласен за „најбогат човек во модерната историја“, откако неговата нето вредност се зголеми на 150 милијарди долари во јули 2018. Амазон стана втората компанија во историјата што достигна вредност од 1 трилион долари.

    2. Карлос Слим е мексикански деловен магнат, инвеститор и филантроп. Тој се стекнал со своето богатство од неговите широки поседи во голем број мексикански компании преку неговиот конгломерат, Групо Карсо. Од февруари 2020 година, тој е петтиот најбогат човек во светот според списокот на Форбс.

    3. Дејвид Томсон Трети, е Канаѓанец и е наследник на голем број медиуми. По смртта на неговиот татко во 2006 година, Томсон стана претседател на корпорацијата Томсон и исто така ја наследил британската титула на неговиот татко, Барон Томсон. Од 2019 година, Томсон беше прогласен за најбогат човек во Канада, со проценета нето вредност од 37,8 милијарди долари.

    Првите 100 најбогати луѓе во светот изгубија околу 408 милијарди американски долари во изминатите два месеци како резултат на корона вирусот. Економистите проценуваат дека голем број од работните места ќе згаснат, дополнително и бројот на работни часови ќе се намали. Со ова економско уништување, многумина ја бараат најбогатата личност во својата земја која ќе даде поддршка на националната економија.

    Најновата информација е дека нето-вредноста на имотот на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, достигна нова рекордна вредност од 171,6 милијарди долари, по порастот на цената на акциите на „Амазон“ поради преминувањето на милиони потрошувачи на е-трговијата за време на корона-кризата, пишува „Блумберг“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично