Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Кичево. „И, ај што беше заборавено, туку беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето“, нагласи тој.
А исто така во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена.
А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, имотно-правните односи се целосно заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.“
Минатата недела, претседателот на Владата, Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски изврши обиколка на градежните работи на автопатските делници Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид.
Аналитика








