
Со ребалансот на буџетот за 2026 година веќе се исцртуваат контурите на јавните финансии до крајот на годината. Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ најавува дека буџетскиот дефицит ќе биде под 4 проценти, а според неговите очекувања може да се движи меѓу 3,7 и 3,8 проценти од БДП.
Тој тврди дека нема причина за паника околу полнењето на буџетот и дека дел од сликата за приходите треба да се гледа низ сезонската динамика на наплатата. Ребалансот, според премиерот, нема да значи дека ќе има кратење на расходната страна, туку само прилагодување на капиталните проекти. Едно од клучните прашања е како ќе се третираат големите инфраструктурни проекти и колку тие ќе влијаат врз дефицитот и јавниот долг.
„Под 4 проценти ќе биде буџетскиот дефицит оваа година, на крајот од годината. Јас сум оптимист дека може да дојдеме и до 3,7-3,8 проценти. Буџетскиот дефицит на почетокот на годината е голем поради трансферите и плаќањата што ги имавме од Министерството за транспорт кон компанијата Бехтел и Енка за реализација на коридорите. Од 1 јуни тие коридори се враќаат онаму каде што им е местото, во Јавното претпријатие за државни патишта. Не е технички, суштински е.“
Аналитика








