Генералниот директор и членови на најтесното раководство го зајакнуваат сопственичкиот удел во „Реплек“ со купување акции издадени од компанијата. Наспроти тоа, „Настел“ продолжува со продажба и со намалување на процентите и сѐ уште е еден од поголемите акционери.
Информацијата за последните промени скопската фармацевтска куќа ја сподели преку Македонска берза.
„Акционер со над 5% Пецовски Душан воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.615 или 12,20% од вкупниот број на акции“, наведено е во објавата.
Еден од акционерите кои поседуваат над 5% е и Владимир Пецовски. Овојпат стекнал четири нови акции. С тоа, во сопственост има вкупно 16.444 или 6,34% од вкупниот број акции.
Десет акции купил директор на снабдување и комерција и член на Управниот одбор, Коста Котески. Во моментот поседува 360 обични акции.
Со исто толку акции се стекнал и членот на Управниот одбор, кој е директор на оператива, Марјан Велковски. Во сопственост има 40 обични акции.
Пет акции купил Панче Гелевски, исгто така член на Управниот одбор и директор на продажба и маркетинг. Вкупно поседува 305 обични акции.
За продадените акции од страна на „Настел“ на Зоран Азманов, во информацијата од „Реплек“ пишува:
„Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 97 акции, со што поседува вкупно 21.498 или 8,29% од вкупниот број на акции“.