ПроКредит Банка останува единствената банка во Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, која е светски лидер во оценување на кредитниот рејтинг на финансиските институции.
Со рејтинг БББ- ПроКредит Банка Македонија и оваа година го потврдува стабилното работење на банката, покажувајќи дека анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво споредено со средината во која банката оперира. Анализираните сегменти од работењето на банката се сопственичката структура, пазарното опкружување, управувањето со ризиците, ликвидноста, профитабилноста, капитализацијата и квалитетот на активата на Банката.
ПроКредит Македонија повеќе од 20 години работи под принципот одговорно банкарство и има стратешка важност во ПроКредит Групацијата. Банката низ годините бележи позитивен тренд во зголемување на профитабилноста и унапредување на капиталната структура и квалитетот на сопствените средства.
Што значи Fitch Rating?
Fitch ratings и сличните агенции како неа и помага на јавноста да се информира за финансиската стабилност на банките со цел да донесат добри финансиски одлуки. Се работи за проценка на банките дали се во можност да си ги извршат сите побарувања и дали менаџирањето на ризиците е на соодветно ниво. Стабилниот рејтинг може да биде пресуден во одлуката при избор на банка на нови клиенти како и гаранција за квалитет и потврда за направен добар избор на веќе постоечките клиенти.
ПР Објава