ПОВЕЌЕ

    Регистрирана „мала“ загуба за милјардерите во ИТ секторот

    Време зa читање: 2 минути

    Дојде време малку да загубат, 10 најбогати луѓе во ИКТ светот останаа без 44 милијарди долари, меѓу нив се Џеф Безос, Илон Маск, потоа Бил Гејтс, Марк Закерберг.

    За момент богатството на најбогатите милјардери во технолошкиот свет се намали. Десетте најбогати луѓе во таа индустрија сега имаат колективно 44 милијарди долари помалку.

    Тоа се должи на падот на американските акции најмногу за три месеци, а најголеми загуби има Џeф Безос, околу 9 милијарди американски долари. Од јуни, акциите на „Амазон“ на 3-ти септември паднаа најмногу.

    Илон Маск сега има 8,5 милијарди долари помалку, а акциите на „Тесла“ паѓаат трет ден по ред. Меѓутоа, во однос на тоа колку заработија за време на оваа криза, за нив ова што во моментот се случува не претставува посебна загуба.

    Имено и Маск и Марк Закерберг надминаа 100 милијарди долари во доменот на нето-вредност, а поранешната сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, стана најбогата жена во светот, затоа што успесите на Амазон се редеа во континуитет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично