ПОВЕЌЕ

    Макпетрол супериорен на пазарот на нафтени деривати

    Време зa читање: 2 минути

    Ако Окта била компанијата која што до пред 2020 година имала најголеми приходи од продажба на нафтени деривати, лани од оваа позиција ја симна Макпетрол. Во 2019 година Окта остварила приход од 452 милиони евра за наредната 2020 година практично да го преполови приходот на 251 милион евра. Во меѓувреме Макпетрол кој во 2019 година бележи промет од 372 милиони евра во 2020 остварил помала загуба од Окта и со 272 милиони евра приход избил на прво место на пазарот на нафтени деривати.

    Макпетрол е и компанијата што најмногу заработува од продажбата на нафтени деривати. Бројките на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк зборуваат дека добивката на Макпетрол е далеку пред сите. Иако лани во корона кризата остварила поголем пад на добивката сепак Макпетрол броел профит од 5,7 милиони евра што е пад за 60 проценти(2019 имал добивка од 14,3мил.евра), но е во многу подобра ситуација од останатите компании. По Макпетрол втор кој што остварил најголема добивка на пазарот е Лукоил со 2,1 милион евра и трет Супертрејд со 1,5 милиони евра. Интересно е што Окта бележи пад на добивката од 8,5 милиони евра.

    Макпетрол е и компанијата што има најмногу вработени во нафтениот бизнис, односно 1854 работници работата за оваа компанија, а втора со најмногу вработени во оваа дејност е Лукоил со 452.

    Прочитај и ПАРИ АНАЛИЗА: Поместувања во нафтениот бизнис. Макпетрол и Супертрејд лани за едно место ги симнаа Окта и Лукоил

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично