ПОВЕЌЕ

    Макошпед ги објави финансиските резултати

    Време зa читање: < 1 минутa

    Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Март 2021 година оствари позитивен финансиски резултат од 3.083 илјади денари  искажан во неревидираниот Биланс на успех.

    Остварените вкупни приходи за период Јануари – Март 2021 година изнесуваат 23.067 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2020 година  бележат намалување од 6%.

    Приходите од продажба за период Јануари – Март 2021 изнесуваат 22.912 илјади денари и се на исто ниво со остварените приходи од продажба во истиот период 2020 година.

    Вкупните расходи за период Јануари – Март 2021 година во износ од 19.984 илјади  денари бележат намалување од 8% во однос на вкупните расходи  за истиот период 2020 година.

    Оперативните расходи во периодот Јануари – Март 2021 година изнесуваат 19.920 илјади денари и бележат намалување од 8% во однос на истиот период  2020 година.

    Финансиските расходи  изнесуваат 64 илјади денари, додека  финансиските расходи за истиот период 2020 година изнесуваат 7 илјади денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично