ПОВЕЌЕ

    Макошпед А.Д. го откри финансискиот план за 2022 година

    Време зa читање: 2 минути

      

    ПРОЕКТИРАНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ДЕЛОВНАТА 2022 ГОДИНА

    Финансискиот план на Макошпед А.Д. е дизајниран за да обезбеди квалитетно и навремено спроведување на оперативните активности и задачи на годишно ниво со цел реализација на целите и развој на друштвото.

    Предвидувањата во финанскиот план за 2022 година се направени врз основа на :

    • Макроекономското опкружување и неговото влијание во делокругот на работа;
    • Историските податоци за реализираните продажби и расходи, со фокус на изминатите три години;
    • Проекциите за продажба за тековната деловна година;
    • Зголемување на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на ресурсите на друштвото;
    • Намалување на одредени сегменти од трошоците од работење.

    Врз овие основи, во текот на 2022 година се планира да се остварат приходи од продажба во износ од 78.500 илјади денари , од кои 88% се планира да се остварат од секторот транспорт, шпедиција, јавни и царински складишта,  а  остатокот од менаџирање со деловни простори и останати дејности во промет.

    Оперативните расходи во 2022 година се очекува да бидат 66.000 илјади денари. Финансиските расходи се очекува да бидат на исто ниво како во 2021 година.

    Се предвидува работење со позитивен финансиски резултат од 12.000 илјади денари за 2022 година.

    Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на  друштвото, во 2022 година се продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси во насока на подобрување и проширување на услугите кои се нудат на клиентите. Се планираат инвестиции во основни средства за работа во висина од 4% од планираните приходи од продажби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично