ПОВЕЌЕ

    „МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВИ ЕКОНОМСКИ РИЗИЦИ – колку сме ранливи?“ – Поповски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    „Македонија е исклучително изложена на надворешните економски шокови со надворешна трговија од над 130% од домашниот БДП. Соочени со глобална трговска војна, колку е нашата економија ранлива? Професорот Никола Поповски зборува за последиците врз Македонија во „Каде се парите? со Горан Теменугов“.“

    „Македонија, познат е податокот дека надворешната трговија е 130-140 проценти од домашниот БДП. Во Америка е 20 и нешто проценти. Кина има огромна апсорпција на моќта на внатрешниот пазар, особено за широка потрошувачка која се уште има простор за раст…. Малите држави, тоа не можат да го направат. Во Македонија, вие било што да произведувате, микрофон да произведувате, мора да го извезувате. Нема пазар за внатре.“

    Со поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, разговараме за воведувањето на царините од страна на Трамп кон Кина, кон ЕУ и како сето тоа ќе се одрази на Македонија.

    Следете ја најновата епизода на поткастот „Каде се парите?“. За да не најдете, отидете на YouTube, во пребарување, на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Пожелно е да стиснете „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи. Гледајте нѐ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично