Пратеничката на СДСМ и претседателка на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ реагираше на одлуката на Собранието да земе две недели пауза во својата работа. Таа посочи дека пратениците мора да бидат пример за достоинство, да работат професионално и дека нема место за политички театар во јавноста, посебно во овие моменти.
„Народот мислам дека е гневен и му е доволно да гледа како еден театар се прави за тоа како се напаѓаат меѓу себе пратениците…. Очигледен е и очекуван е гневот кој што се појавува од целата јавност заради еве вакви некои заклучоци или насоки кои што се даваат за нефункциониране или одмарање, како што сега популарно се вели во Собранието. Меѓутоа, мислам дека во тагата треба навистинса да покажеме и еден висок морал, и една висока свест и самосвест, секој поединец од сите 120 пратеници. Можеби требаше, еве јас како поединец размислувам, требаше да има една комеморативна седмица. Тоа му доликува на Собранието.“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој најлесно се наоѓа ако во пребарувачот на кирилица напишете ПАРИ. Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне. Сите содржини се бесплатни и се овозможени од нашите пријатели кои веруваат во важноста на јавниот интерес и дебатата за актуелни прашања.