ПОВЕЌЕ

    Лудото време на Биткоинот покажува зошто луѓето треба да бидат претпазливи пред да инвестираат во него

    Време зa читање: 2 минути

    Биткоин во последно време не покажува знаци на запирање. Со тоа демонстрира зошто инвеститори треба да направат пауза пред да стават уште пари во оваа криптовалута.

    Средството достигна рекордно високо ниво од 41,973 долари во петокот, според податоците на “Коин Метрикс”, но во понеделникот падна за околу 15%, бришејќи дури 200 милијарди долари вредност од пазарот на крипто-валути за само 24 часа.

    Екстремните движења нагоре и надолу се релативно чести за биткоинот и се очекува да продолжат.

    „Единствената работа што можам да ја очекувам со сигурност е нестабилноста“, рече Дејвид Јермак, професор по финансии на Бизнис школата на Универзитетот Њујорк Стерн. „Од првиот ден, ова беше ризична инвестиција за луѓето“.

    Биткоин, забележа астрономски раст во текот на последната деценија и големи продажби во различни точки помеѓу нив. Иако многу бикови укажуваат на нејзините минати перформанси како знак дека криптовалутата ќе продолжи да се зголемува и во иднина, тоа може да не се случи, според Јермак.

    „Тоа е чисто шпекулативно средство“, рече тој и додаде дека иако биткоинот расте во популарност, сепак не се смета за меинстрим инвестиција, што значи дека многумина имаат малку информации за тоа средство.

    „Никогаш не треба да вложувате во нешто што не го разбирате“, рече Јермак.

    „Луѓето треба само да инвестираат навистина во она што се подготвени да го изгубат“, рече Даниел Полотски, извршен директор на “CoinFlip”, една од најголемите компании за банкомати во САД.

    Тој додаде дека луѓето близу до пензија, и оние на кои ќе им бидат потребни парите што ги инвестираат блискорочно, или луѓе кои бараат често да тргуваат за да остварат профит, можеби треба да го преиспитаат биткоинот за тие цели.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично