ПОВЕЌЕ

    Како да се справите со лоши колеги?

    Време зa читање: 3 минути

    Секој од нас одржува одредено ниво на его и тоа никој не може да го оспори, но ако работите ги надминуваат границите на нормалното, во тој случај се појавува проблем. Се прашувате како да се справите со колега или претпоставен со големо его, кој единствено зборува за себе, за успесите што “сам“ ги постигнал, за тоа како компанијата не би била толку успешна да не е “тој и неговите заслуги“.

    1. Бидете свесни за сопствените квалитети

    Луѓето кои се преполни со себе од “својата големина“ не можат да ги видат квалитетите на другите. Најважно од сè е да бидете свесни за вашиот придонес за успех и развој на компанијата, за тоа колку вашето знаење, стручно и искуство се клучни за бизнисот. Но, тоа не мора да значи дека на колегата со големо его секогаш овие факти треба да им ги предочите. Понекогаш е добро да се изборите за своето место, но луѓето со големо его не прифаќаат туѓ успех. Затоа, не ја трошете сопствената енергија во објаснување и навлегување во дискусија со нив. Продолжете да работите, да ја си ги сакате професијата и напорно и посветено да ги решавате сите предизвици. Резултатите и пофалбите ќе си дојдат сами по себе.

    2. Покажете разбирање за нивното однесување

    Иако ви оди на нерви нивното однесување, не се оптоварувајте со омраза и стрес, туку бидете емпатични и покажете дека го разбирате нивното однесување. Таквиот став може ќе го скрши “егоистичниот“ оклоп во којшто се крие вашиот колега и ќе ја увиди грешката, па ќе почне повеќе да ве цени и почитува. Не треба секој ден во канцеларија да биде борба и докажување кој е во право, едноставно понекога е подобро да оставите да ја покажат својата “сила“, а она што го работите вие ќе исплива на површина за кратко време.

    3. Потрудете се да им укажете на грешките

    Иако изгледа како борба со невидлив противник, сепак обидете се да им укажете на колегите дека со таков став можат само да си создадат повеќе непријатели, да “навлечат“ нетрпеливост од соработниците и претпоставените, што може да ја уништи атмосферата на работа. Затоа, искористете ги своите пријателски методи и укажете им на соодветен начин, но ако нема ефект, тогаш подобро ќе биде да се откажете.

    4. Игнорирајте ги

    Доколку не успеете да ги изгладите односите, тогаш пробајте да ја сведете комуникацијата на минимум, бидејќи само така ќе ги си зачувате нервите за многу поважни работи. Иако е тешко да се игнорираат личности кои сакаат да доминираат, да го имаат целото внимание врз себе, сепак фокусот нека ви остане на она што го работите и на комуникацијата со колегите што не се од таков ков.

    Извор: Бизнис Инфо

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично