ПОВЕЌЕ

    Љубен Нанов се повлекува од Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Независниот член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје се повлекува од функцијата. За поднесената оставка Банката информира преку информацијата за измени во органите на управување објавена на Македонската берза.

    Инаку, Нанов беше избран со читиригодишен мандат, кој истекува во 2024. Односно, беше реизбран за независен член на Надзорниот одбор на вонредното собрание на акционерите во 2020 година.

    Актуелниот состав на НО го сочинуваат Тихомир Ангелов Атанасов, кој е и претседател, неговиот заменик Георги Димитров Константинов, Христо Георгиев Христов – член, Светослав Мичев – независен член.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично