ПОВЕЌЕ

    КОЈ ВЛЕГОЛ, А КОЈ ИЗЛЕГОЛ ОД НЕСЛАВНАТА ЛИСТА НА ТОП 5 ГРАДОВИ ПО ЗГАСНАТИ ФИРМИ? -серијал анализа 2/4

    Време зa читање: 3 минути

    СЕРИЈАЛ АНАЛИЗА 2/4

    Порталот „Пари“ направи анализа и на згаснувањето на фирмите по градови и каков бил тој тренд во минатата година.

    Но доколку не сто го прочитале првиот дел од серијалот Анализа 4/4 ви предлагаме да ја прочитате ЗА 6 МЕСЕЦИ 4.874 ФИРМИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТА.. а потоа да се навратите и да продолжите со читање на оваа.

    Минатата година, во првите 6 месеци, ТОП 5 градови по згаснати фирми биле: Скопје , Битола , Тетово, Гостивар и Куманово. Годинава, тоа се: Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп.

    ТОП 5 градови по згаснати фирми во првите 6 месеци од 2021 годинаБрој ТОП 5 градови по згаснати фирми во првите 6 месеци од 2022 годинаБрој
    Скопје 1.935 Скопје1.766
    Битола   257Тетово277
    Тетово235 Куманово220
    Гостивар  229 Гостивар200
    Куманово   220Прилеп188

    Извор: БизнисМрежа.мк

    Очкувано, најмногу фирми згаснале таму каде што има и најголема економска активност – во Скопје. Во првите 6 месеци од годинава, во Скопје, клуч на врата ставиле 1.766 фирми, или 36,2 проценти од вкупно згаснатите фирми во овој период. Минатата година пак, за 6 месеци, во престолнината, згаснале 1.935 фирми.

    На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании, а во 2021, истиот период бил погубен за 235 тетовски компании.

    Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот на неславната листа. Лани, во првите 6 месеци од годината, во Куманово згаснале, верувале или не, ист број на компании – 220!

    Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200. Лани пак, првото полугодие било полошо за гостиварскиот бизнис, згаснале 229 компании.

    На петтото место по згаснати компании во првото полугодие годинава е Прилел, со 188 затворени фирми. Лани прилепчани подобро поминале – имало згаснати 166 фирми за 6 месеци.

    ТРГОВИЈАТА ОСТАНУВА ДЕЈНОСТ СО НАЈМНОГУ ЗАТВОРАЊА

    Анализата на „Пари“ покажува дека и годинава, како и лани, најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.

    И во првото полугодие од 2022 година најмногу затворања, како и во првите 6 месеци од 2021 година  има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Годинава, во овој сектор згаснале 1.569 фирми, а лани во истиот период – 1.622 фирми.

    На второ место лани бил угостителско-хотелиерскиот сектор, а сега е преработувачката индустрија со 584 згаснати компании. Лани, во првите 6 месеци, во преработувачката индустрија згаснале 543 компании.

    Годинава угостителско-хотелиерскиот сектор се нашол на третото место на неславната листа на затворени фирми, таму каде што лани беше преработувачката индустрија. Годинава во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ згаснале 515 фирми. Лани во овој сектор згаснале 604 компании.

    Градежништвото, и во првото полугодие лани, и годинава, е на 4-тото место по згаснати фирми. Лани биле згаснати 397, а годинава – 359.

    Иста пета позиција задржал и секторот транспорт и складирање. Годинава, за 6 месеци во овој сектор згаснале 344 фирми, а лани, во истиот период – 386.

    ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗГАСНАТИ ФИРМИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2022

    СекторЗгаснати фирми
    Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли1.569
    Преработувачка индустрија 584
    Објекти за сместување и сервисни дејности со храна515
    Градежништво359
    Транспорт и складирање344

    Извор: БизнисМрежа.мк

    ПРОДОЛЖУВА..

    Третиот дел од анализата ќе биде објавен на 22.07.2022

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично