ПОВЕЌЕ

    Листа на земјите кои се справија најдобро и најлошо со економската криза

    Време зa читање: 3 минути

    Оваа година беше катастрофа за светската економија и скоро сите земји на Западот ќе доживеат економски пад. Од друга страна, Кина, од каде потекнува коронавирусот, ќе избегне рецесија и ќе има раст од 1,9 проценти на бруто домашниот производ (БДП).

    Ова е прилично мал раст за Кина во споредба со претходните години, но сепак е одличен кога ќе се спореди со рецесијата што преовладува во западните земји.

    Додека некои земји доживуваат катаклизма, Кина ќе процвета оваа година благодарение на среќните околности.

    Катастрофа во Либија

    Либија ќе има најголем економски пад во однос на процентот, од земјите чии податоци ги собра ММФ, оваа година – дури 66,7 проценти од БДП. Либиската економија годинава беше погодена од низа фактори кои доведоа до таков драстичен пад.

    Имаше интензивирање на конфликтот во земјата, што ја задуши економската активност и затворање на одредени нафтени полиња, од кои доаѓа значителен дел од приходите за оваа земја.

    Покрај тоа, имаше драстичен пад на цените на нафтата на светскиот пазар, што исто така влијаеше на падот на приходите. На крајот, оваа земја, како и повеќето други, беше погодена од пандемијата.

    По Либија следува Макао со пад на БДП за 52,3 проценти, Венецуела и Либан со ужасен пад од 25 проценти и Фиџи со пад од 21 процент, според ММФ.

    Гвајана расте за дури 26,2 проценти

    Од друга страна, најголем економски раст годинава ќе има една од најсиромашните земји во Јужна Америка – Гвајана, од дури 26,2 проценти. Овој раст се должи на откривањето на големи резерви на нафта во оваа држава.

    Благодарение на големото откритие, државата ќе доживее вистински бум, слободно може да се каже, во најлошите времиња.

    Гвајана е единствената земја што годинава според ММФ ќе има двоцифрен економски раст. Разликата меѓу неа и остатокот од светот ја покажува и фактот дека Јужен Судан е на второто место со раст од 4,1 процент, следен e Бангладеш со 3,8 проценти, Египет со 3,5 проценти и Руанда со 2 проценти.

    Србија е втора најдобра во Европа

    Конечно, за споредба, да кажеме дека оваа година ММФ предвидува економски пад на Германија од 6 проценти, САД со пад од 4,3 проценти, Канада -7,1 процент, Франција -9,8 проценти, Италија -10,6, Хрватска -9 итн.

    Литванија (-1.8 проценти), Србија (-2.5%), Норвешка (-2,8%) и Белорусија и Ирска (по -3%) ќе имаат најмал пад во Европа.

    Од земјите од поранешна СФРЈ, Црна Гора ќе забележи најголем пад – 12 проценти. Следува Хрватска со пад од 9 проценти, Словенија – 6,7, Босна и Херцеговина – 6,5 и Македонија со пад од -5,4

    Погледнете ја интерактивната мапа за сите земји ОВДЕ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично