ПОВЕЌЕ

    Лани се отвориле 8.662 нови фирми, речиси секоја четврта ја избрала Халк банка

    Време зa читање: 6 минути

    ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Минатата година во држава се отворени 8.662 нов правен субјект, а најголем интерес да биде матична банка привлекла Халк Банка, каде 1.976 субјекти станале нови депоненти, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Ова покажува дека речиси секоја четврта фирма ја избрала Халк банка. Веднаш зад неа е НЛБ банка која е избор на 1.766 новоотворени субјекти, па Комерцијална банка со 1.377 нови правни депоненти. На четврто место е Стопанска банка со 1.159 нови депоненти и на петото е Универзална инвестициона банка која привлекла 502 нови правни депоненти.  Во Македонија има 12 комерцијални банки и една основана со посебен закон – Развојна банка на Северна Македонија.

    Депонент банкаНови правни депоненти во 2021
    Халк Банка А. Д. Скопје1.976
    НЛБ Тутунска Банка А. Д. Скопје 1.766
    Комерцијална Банка А. Д. Скопје1.377
    Стопанска Банка А. Д. Скопје1.159
    Универзална Инвестициона Банка А. Д. Скопје   502
    Шпаркасе Банка Македонија А.Д. Скопје409
    ТТК Банка А. Д. Скопје380
    Централна  Кооперативна Банка А. Д. Скопје239
    ПроКредит Банка А. Д. Скопје179
    Алфа  банка А,Д Скопје169
    Стопанска Банка А. Д. Битола148
    Охридска Банка А. Д. Скопје  93
    Капитал  Банка А. Д. Скопје  13
    Останато   252
    ВКУПНО8.662

    Во кои градови има најмногу новоотворени фирми и која банка ја избрале?

    Очкекувано, најголем дел од новоотворените фирми се од Скопје – 3.176, и скопските фирми најмногу биле ориентирани кон Халк банка каде своја сметка отвориле 771 субјект, па потоа е НЛБ банка со 765 нов правен депонент и Комерцијална банка која за примарна банка ја избрале 602 новоотворени компании.

    На второ место по број на новотворени фирми е Тетово со 473 новоотворени правни субјекти. На првите три места по апсорпција на нови деловни субјекти се Халк банка со 149 нови деловни субјекти, ТТК банка со 99 и Стопанска банка – Скопје со 62.

    Куманово е на трето место по број на новотворени фирми, во 2021 година има 416 нови правни субјекти. На првите три места каде се распоредиле овие правни субјекти е Халк банка со 102 субјекта,  Централна кооперативна банка со 94 и Комерцијална банка со 38 правни субјекти.

    Битола е четвртиот град во кој новите деловни субјекти отвориле најмногу сметки. Притоа, од 365 новоотворени правни субјекти во Битола, 88 се нови депоненти на НЛБ банка, 58 на Халк банка и 52 на Стопанска банка – Скопје. Овие 3 банки ќариле најмногу од банкарскиот колач на битолските новоотворни субјекти.

    На петтото место е Гостивар. Таму се отвориле 308 нови компании. Од нив, најмногу ја избрале Халк банка -107, потоа НЛБ – 59 и Стопанска банка – Скопје – 54.

    5 ТОП ГРАДА ПО НОВОТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

    ГрадНовоотворени субјектиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Скопје3.176Халк банка (771)НЛБ банка (765)Комерцијална (602)
    Тетово473Халк банка (149)ТТК банка (99)Стопанска б.-Скопје (62)
    Куманово416Халк банка (102)Централна кооперативна (94)Комерцијална (38)
    Битола365НЛБ (88)Халк банка (58)Стопанска б. –Скопје (52)
    Гостивар308Халк банка (107)НЛБ (59)Стопанска б-Скопје (28)

    Во кои дејности има најмногу новоотворни фирми и која банка ја избрале?

    Секоја четврта новоотворена фирма е од дејноста трговија на големо и на мало. Имено, од 8.662 новоотворена фирма во 2021 година, дури 2.138 се во трговијата. Трговските компании, најмногу за своја матична компанија ја избрале Халк банка – 585 правни субјекти, на второ место, како нивен избор е НЛБ банка – 408 и на трето е Комерцијална – 316 трговски фирми.

    На второ место се новоотворени правни субјекти кои се со шифра „Други услужни дејности“. Лани вакви фирми се отвориле 1.085, а нивен фаворит бил Комерцијална банка и таму станале депоненти 219 компании, на второ место е Халк банка со 207 нови фирми од оваа дејност и на трето е Стопанска банка – Скопје со 162 фирми.

    Минатата година се отвориле и 869 нови градежни фирми, а најмногу од нив ја избрале Халк банка – 261. Потоа, е НЛБ банка која е избор на 150 градежни фирми, а на трето место е Стопанска – Скопје со 115 нови депоненти од сферата на градежништвото.

    На четврто место по бројот на новотворени фирми се наоѓа преработувачката индустрија – 858 нови фирми. Првиот избор од овие фирми најмногу се реализирал во Халк банка – 190 компании, потоа во Стопанска банка – Скопје – 136 и во Комерцијална банка – 117.

    Во дејноста „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, минатата година има 832 новоотворни компании со што тие се најдоа на петтото место на рангирањето. НЛБ банка ја избрале 190 компании во оваа дејност и тоа е најголемиот број. На второ место е Халк банка со 187 субјекти од дејноста, а на трето е Комерцијална банка со 107 фирми.

    5 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО НОВОТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

    ДејностНовоотворени субјектиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Трговија2.138Халк банка (585)НЛБ банка (408)Комерцијална (316)
    Други услужни дејности1.085Комерцијална банка (219)Халк банка (207)Стопанска банка – Скопје (162)
    Градежништво  869Халк банка (190)НЛБ банка (150)Стопанска банка – Скопје (115)
    Преработувачка индустрија858Халк банка (190)Стопанска банка-Скопје (136)Комерцијална (117)
    Објекти за сместување и сервисни дејности со храна832НЛБ банка (190)Халк банка (187)Комерцијална (107)

    НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ВАКВАТА ДОМИНАЦИЈАТА НА ХАЛК БАНКА КАЈ НОВИТЕ БИЗНИСИ?

    Од Халк банка својот успех за избор на банка за соработка од т.н. “традиционални” клиенти е секако мрежата на филијали, односно достапноста до клиентите-правни лица, во секој дел од државата.

    Во изминатите неколку години, Халк Банка АД Скопје можеби е единствената банка на пазарот која значително ја зголеми својата мрежа на филијали на вкупно 45 локации од кои 25 во градот Скопје. Од друга страна пак, започнатата соработка со АД Пошта на Северна Македонија од март 2021 година овозможи извршување на дневни безготовински трансакции и уплати на дневен промет во повеќе од 300 експозитури во земјата, што резултираше со поширока распространетост на брендот и уште поголема пристапност до големиот број на производи и услуги кои ги нуди Халк Банка АД Скопје, вели директорот на Дирекцијата за маркетинг и продажба на МСП, Владо Ковачевски.

    Тој посочува дека брзото време во кое живееме брзината и флексибилноста се клучен фактор за успехот и напредокот на новите бизниси. За таа цел, како што нагласува Ковачевски, Халк Банка АД Скопје континуирано вложува, ги следи најновите трендови на технологијата и дигитализација и се фокусира на развивање на нови платформи на алтернативните канали за дополнителни производи и услуги за претпријатијата.

    ,,Така на пример,инвестициите во подобрување на инфрастуктурата и зголемување на бројот на ATM машини односно банкомати со cash-inфункција им овозможи на клиентите – правни лица да уплаќаат дневен пазар без притоа да имаат потреба од посета на најблиската филијала.Постојаните усовршувања на апликациите за електронско банкарство и мобилната апликација за правни лица со широк спектар на услуги, уште повеќе придонесоа за поедноставување на процесот на менаџирање на финансиите, како и поефикасно и поекономично управување со производите што нашите клиенти секојдневно ги  користат, посочува директорот на Дирекцијата за маркетинг и продажба на МСП при Халк банка.

    Инаку, Халк Банка АД Скопје е водечка банка во делот на вкупен број на трансакции направени преку нивните POS терминали, вклучувајќи ги и виртуелните продажни места (e-commerce односно online продажбата), опфаќајќи околу  30% од вкупниот број на трансакции на пазарот. Во период на Ковид пандемијата и лимитираното движење на населението, развиената online продажба беше клучен фактор за опстанок и непречeно функционирање на малите бизниси.

    ,,Сето ова што претходно го споменав допринесе брендот на Халк Банка АД Скопје да биде препознаен и високо почитуван на македонскиот пазар како и прв избор за новоотворени компании. Халк Банка АД Скопје и во иднина ќе продолжи проактивно да работи, со цел да овозможи беспрекорна услуга и производи кои ќе ги задоволат желбите и потребите на сите тековни и идни клиенти“, завршува Ковачевски.

    Редакција Пари
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично