ПОВЕЌЕ

    Крзнарата „Димко Митрев“ со зголемена добивка од 28%

    Време зa читање: 2 минути

    Добивка од 74 илјади денари и зголемени приходи бележи компанијата „Димко Митрев“ АД Велес во првата половина од годината.

    Велешката компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи која успешно работи повеќе од шест децении, оваа година до 30 јуни во однос на истиот период од претходната година има нето добивка поголема за 28%.

    Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 118.040.000 денари (1.910.032 евра) и во однос на вкупниот приход во 2023 година е поголем за 7 насто. По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 88 %, приходите од домашен пазар со 5 % и други приходи со 7%. Во остварените вкупни приходи нај голем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат. Во првата половина од година вкупните расходи изнесуваат 121.205.000 денари  односно 1.961.245 евра и во однос на вкупните расходи во 2023 година се поголеми за 7%. По структурата на застапеност во вкупните расходи нај големо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 58.002.000денари  (938.543 евра) и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 27%.

    Оваа компанија е една од ретките кои котираат на Македонска берза кои ги објавува примањата и надоместоците на вработените.

    Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 59.453.000 денари односно 962.022 евра и во однос на истиот период во 2023 година се помали за еден отсто и истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период од  01.01. до 30.06.2024 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 39.311.000 денари (636.100 евра) и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 20.142.000 денари (325.922 евра). Во овој период нема исплата на дивиденда .

    АД „Димко Митрев“ е традиционално извозно ориентирана компанија која е присутна и на европските пазари повеќе од 40 години. Компанијата е со доминантен странски капитал во сопственост на приватни акционери.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично