ПОВЕЌЕ

    Ковачевски на крајот од грејната сезона: Ги заштитивме граѓаните и ја одржавме ликвидноста на компаниите

    Време зa читање: 2 минути

    Стручноста и напорот кој го дадоа вработените во ЕСМ обезбедија непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во текот на целата зимска сезона. Во услови на најголемата светска енергетска криза, кога дел од земјите го пролонгираа стартот на грејната сезона, нашите  граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно кое стартуваше во точно пропишаниот рок 15 октомври 2022. Со овие зборови премиерот Димитар Ковачевски од РЕК Битола го означи крајот на грејната сезона.

    „Оваа зима, која беше исклучително комплексна и со очекување геополитичките случувања да кулминираат преку енергетски условувања, ние имавме само една цел, а тоа е да ги заштитиме граѓаните и да ја одржиме ликвидноста на компаниите, како во електроенергетскиот сектор така и во сите други области на индустријата и услугите. Успеавме да ги заштитиме граѓаните благодарение на трудот што го вложивте вие, вработените во ЕСМ и сите подружници“, порача Ковачевски, кој при посетата на РЕК Битола беше придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и генералниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов.

    Притоа, премиерот потсети дека во тпј период се зголемив домашното производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60 проценти производство на електрична енергија, во целост, односно 100 насто обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. А, паралелно со тоа, беше преземено и греењето со топлинска енергија во Скопје. Според него, „ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од Планот за справување со енергетската криза“, во чиј фокус била сигурната, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично