ПОВЕЌЕ

    ПАРИ АНАЛИЗА: Короната силно ги нарушила битолските финансиски текови

    Време зa читање: 4 минути

    Во градот под Пелистер 2020 година ќе биде година на заборав од аспект на профитабилност на локалните компании. Според податоците на Бизнисмрежа.мк во продолжение следува анализата на Пари на најголемите 10 компании од Битола. Анализата ќе се сведе на 4 клучни елементи: приходи, добивка, број на вработени и просечна плата. Преку нив ќе се обидеме да добиеме пореална слика за микроекономијата во државата.

    Она што може да се забележи од компаративните податоци за остварените приходи на топ 10 компаните е дека минатата година мнозинството од нив реализирале далеку пониски приходи, во споредба со 2019 година. Имено, 70% од топ 10 компаниите бележат пад на приходи. Лидер во ова неславно друштво е компанијата Ростфреи –Мајор Инох која бележи пад на приходи од 58,11%. Оваа компанија се занимава со производство на опрема за процесна техника од нерѓосувачки челик и согласно светските трендови за затварање на погоните и дестимулација за нови инвестиции, разбирливи се ваквите податоци. Од друга страна, евидентно е на што се трошеле најмногу пари во пандемиската година. Компанијата Еурофарм е лидер по остварен процентуален пораст од 20,52%.

    Од аспект на големина на компании, се издвојуваат 3 големи компании: Млекара АД, Еурофарм и Синпекс. Овие три “тешкаши” партиципираат со скоро 81% од вкупните приходи на топ 10 компаниите за 2020 година. Неприкосновен лидер е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, Млекара АД со реализација од над 41 милион ЕУР. Сепак, мора да се напомене дека овие бројки се за скоро 14% полоши во споредба со 2019 година, а исто така оваа компанија го има најголемиот кумулативен пад на приходи од над 6,6 милиони ЕУР. Третиот клучен играч во битолската микро економија е Синпекс, компанија која се занимава со застапување, продажба и сервисирање на механизација, машини и опрема, наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Оваа компанија е трета по големина во однос на остварени приходи и изминатата година остварила значителен пораст од 15,16%.

    НазивПриходи 2020 Приходи 2019 Раст%
    МЛЕКАРА АД41.269.320 47.952.456 -13,94%
    ЕУРОФАРМ34.976.938 29.022.768 20,52%
    СИНПЕКС17.695.988 15.365.891 15,16%
    ЕРИ ЦОРПОРАТИОН10.661.047 11.451.980 -6,91%
    ИНТЕРВОРКС4.804.642 4.973.291 -3,39%
    ПЛОДНОСТ2.945.757 2.987.266 -1,39%
    ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС1.989.421 2.120.889 -6,20%
    БРАЈТ БОКС658.214 645.966 1,90%
    РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ533.134 1.272.837 -58,11%
    АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ470.289 547.599 -14,12%

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

     

    Кога се анализираат остварените добивки повторно се појавуваат 2 нови компании кои ја „рушат” големата тројка. Имено, покрај неприкосновената Млекара АД која ја завршила 2020 година со добивка од скоро 3 милиони ЕУР и заедно со Синпекс и Еурофарм се единствените кои имаат процентуален пораст во оваа категорија, во листата се приклучуваат и Интерворкс и Ери Цорпоратион, со дибивка над 1 милион ЕУР. Според остварените добивки битолската економија добива 4 носители на успешност, а се исклучува Еурофарм поради тоа што и покрај големите приходи, сепак добивката изнесува скромни 2.900 ЕУР. Иако во оваа категорија имаме 2 нови играчи, сепак мора да се напомене дека короната драстично удрила по нивните добивки, намалувајќи ги за 13% кај Ери Цорпоратион и 43% кај Интерворкс. Сите останати компании од топ 10 бележат пад на остварена добивка, со тоа што во 2020 година евидентирана е загуба кај 2 компании: Цилиндо Интернационал АпС и Брајт Бокс.

    НазивДобивка 2020Добивка 2019
    МЛЕКАРА АД2.984.985 2.868.039
    ЕРИ ЦОРПОРАТИОН2.176.526 364.034
    СИНПЕКС1.317.090 666.811
    ИНТЕРВОРКС1.060.882 1.861.103
    ПЛОДНОСТ195.895 288.898
    РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ124.136 364.034
    АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ55.052 155.982
    ЕУРОФАРМ2.933 2.832
    БРАЈТ БОКС(486)8.971
    ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС(176.314)15.735

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Последните два елементи (плата и вработени) ќе ги анализираме како нераскинлив дел од една компанија. Лидер според бројот на вработени е Еурофарм со 467 луѓе персонал, а остварените приходи резултирале со пораст на бројот на вработени за 6.8%, а исто така оваа компанија е и лидер според кумулативен пораст од 30 нови вработени. Од друга страна, процентуално, најголем пораст на човечки капацитети бележи Млекара АД со 13.6%, додека најголемо кратење на платните списоци имало кај Ери Цорпоратион. Од аспект пак на просечните примања кои ги остваруват вработените во овие топ 10 битолски компании најмногу се истакнуваат Интерворкс, каде просечната плата е скоро 50.000мкд. Во просек битолските топ 10 компании се далеку над националната просечна плата, со тоа што тука таа вредност изнесува 41.465мкд. Во овие 10 компании во 2020 работеле 1.351 вработен, што е за 29 помалку во споредба со 2019 година.

    НазивПросечна плата по вработен 2020 Вработени 2020Вработени 2019Раст %
    ИНТЕРВОРКС49.943 154 493,36%
    ПЛОДНОСТ44.963 92 902,22%
    ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС44.453 81 74 9,46%
    СИНПЕКС42.316 81766,58%
    МЛЕКАРА АД41.767 217 191 13,61%
    БРАЈТ БОКС41.589 38 38 0,00%
    ЕУРОФАРМ40.238 467 4376,86%
    АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ38.066 19 185,56%
    РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ36.364 26 30 -13,33%
    ЕРИ ЦОРПОРАТИОН34.957 176277 -36,46%

    Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Редакција Пари

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично