ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОИЗВЕДУВА ЕКО-СТРУЈА: Преку „зелена заштеда“ до одржлив развој

    Време зa читање: 2 минути
    Нашиот придонес за поддршка на „зелената“ транзиција на општеството станува сѐ поголем. Комерцијална банка со сопствениот фотоволтаичен систем континуирано ги зголемува производството на електрична енергија и „зелената“ заштеда за заштита на животната средина, информираат од Комерцијална банка.
    Со инсталирани фотоволтаични системи на површина од 130 м2 на покривот на деловниот објект во центарот на Скопје и од 230 м2 во Филијалата во Прилеп, Комерцијална банка во 2022 година произведе 86,85 MWh електрична енергија и спречи емисија на 45,5 тони CO2 во атмосферата.
    За 4 години, од кога започна со сопствено еко-производство на електрична енерија, истакнуваат од Комерцијална, Банката произведе 191,16 MWh електрична енергија и спречи емисија на 101,3 тони CO2 во атмосферата. Оваа „зелена“ заштеда на Комерцијална банка е еквивалентна на засадување на вкупно 2.597 дрвја.
    Како компанија која ја препознава својата улога во поддршката на транзицијата кон „зелена“ економија и поздрава иднина за сите, Банката останува посветена на нови инвестиции и проекти со кои ќе даде уште поголем придонес за одржлива економија и одржлив раст, нагласуваат од Комерцијална банка.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично