ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка нуди втор период на одложена отплата на месечните обврски по кредитни изложености за население

    Време зa читање: 3 минути

    Заклучно со 30.09.2020 година завршува периодот на одложена отплата на месечните обврски по кредитни изложености за население, согласно ЈАВНА ПОНУДА број 09-600-15831/1 за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.

     

    Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата, предизвикана од Ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, Комерцијална банка АД Скопје на корисниците на кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немале статус на нефункционална кредитна изложеност или, пак, биле одобрени во периодот од 01.03.2020 до 24.03.2020 година, ќе им овозможи втор период на одложена отплата на месечните обврски во периодот од 01.10.2020 до 31.03.2021 година, исклучиво доколку исполнувааат еден од следниве критериуми:

    – намалени месечни приходи од 10% или над 10% во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата;

    – престанок на работен однос во периодот на ковид-кризата;

    – високи трошоци за лекување во периодот на ковид-кризата;

    – отсуство на приливи на трансакциска сметка (плата и други приливи) во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата.

    Сите корисници кои, согласно анализата на Банката, исполнуваат најмалку еден од горенаведените критериуми ќе бидат контактирани од страна на Комерцијална банка по електронски пат со доставување ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА за промена на договорни услови за кредитните производи на физички лица. Корисниците во рок од 10 дена од доставувањето на понудата  треба да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата (електронски, на линк кој ќе го добијат со понудата, или писмено, на официјалната адреса на Банката). Доколку во предвидениот рок не се изјаснат, ќе се смета дека понудата ја одбиваат и продолжуваат со редовна отплата на кредитните обврски.

    Сите останати корисници на кредитни производи кои нема да бидат контактирани од страна на Банката, а кои сметаат дека исполнуваат некои од критериумите за одложена отплата на месечните обврски, потребно е да поднесат писмено барање до Банката во најкраток можен рок на е-маил адресата: [email protected], со наведување на причините за потребата од одложување на отплатата. Барањата ќе се разгледуваат на индивидуална основа врз основа на презентирани документи и докази за намалени приходи, изгубено работно место или настанати потреби за лекување во изминатиот период. Сите барања за одложена отплата на обврските по истекот на важност на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Сл.Вес.бр.80 од 27.03.2020 и Сл.Вес.бр.125 од 15.05.2020), а најдоцна до 30.09.2020 година, ќе се спроведуваат со писмени анекси кон договорите за кредитна изложеност и кон договорите за залог.

    Корисниците кои ќе ја прифатат индивидуалната понудата може да продолжат со редовна отплата на обврските за кредитни производи и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци врз основа на доставено барање до Банката по електронски пат на следната е-маил адреса:  [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично