ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Од први април нови тарифи за надомест

    Време зa читање: 2 минути

    Од први април годинава Комерцијална банка стартува со примена на измените во општите услови за користење платежни сметки и платежни услуги од страна на граѓаните.

    Промена има во пресметката на повратот на средства од користење на Debit Mastercard World, кoj изнесува 0,2 проценти за трансакции во трговија до 10.000 денари и 0,4 проценти за трансакции над 10.000 денари. Притоа, максималниот износ кој може да се додели месечно се ограничува на 2.000 денари, односно 24.000 денари годишно.

    Од Банката посочуваат дека клиентите, кои можеби не се согласуваат со овие измени, до први април треба да поднесат барање за раскинување на договорот. Доколку тоа не се случи, ќе се смета дека корисникот се согласува и ги прифаќа новите услови.

    Освен тоа, извршена е измена и дополна на општите услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица – резиденти, кои ќе важат од 10 мај годинава, информираат од Банката и ги упатуваат заинтересираните за новостите од овој домен да ја посетат веб страницата достапна на следниот линк:

    https://www.kb.com.mk/platezna-smetka.nspx

    Исто така, од Комерцијална информираат дека од првиот ден на идниот месец стапуваат во сила и измените кај тарифите за надомест на услугите што ги дава Банката.

    Надомест за користење на Интернет банка/мБанка:

    • за направен увид во тековниот месец – 20 денари месечно
    • за направени трансакции во тековниот месец – 35 денари месечно
    • пасивни корисници (не направиле увид/трансакции во месецот) – без надомест
    • малолетни лица и корисници до 29 години – без надомест

    Доделување ПУК за мТокен за нови корисници на шалтер:

    • за нови корисници – 100 денари (еднократно)
    • за малолетни лица и лица до 29 години – без надомест

    Надомест за обновена дебитна картичка – 150 денари.

     

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично