ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Комерцијална банка за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Светската пандемија со ковид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз Македонската економија која е од отворен тип.

    Согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти се видливи со крајот на вториот квартал, додека последиците врз финансискиот систем ќе се почувствуваат со одредено временско задоцнување. Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.

    Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

    Согласно објавените проекции од Народната банка, се очекува БДП во 2020 година да забележи пад од -3,5%.

    Според меѓународните финансиски организации, прогнозата за намалувањето на БДП е поголема и се движи од -4,1% (Светска банка) до -5,4% (ММФ).

    Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза

    Прочитајте и: Фантастични резултати на Комерцијална банка – за девет месеци оствари добивка 21,3 милиони евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично