ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРА 100 000 ЕВРА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО Турција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините, ја информира јавноста Комерцијална банка.

    Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне да се обезбедат неопходни намирници и средства за преживеаните жители во настраданите подрачја. Средствата ќе бидат донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, истакнуваат тие.

    Трагедијата и болката на турскиот и на сирискиот народ се неизмерни, но веруваме дека секоја помош е значајна за ублажување на последиците и намалување на страдањето, велат од Комерцијална.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично