Комерцијална банка АД Скопје повторно е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи по 40-ти јубилеен пат, од 14 до 21 септември во Битола.
Со задоволство го поддржуваме овој реномиран фестивал, кој со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан ја привлекува уметничката и академската елита од нашата земја и од регионот.
Годинава е подготвена извонредна програма со над 120 гости од странство.
Јубилејното 40–то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на 14 септември ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“.