ПОВЕЌЕ

    Колку се големи Турските девизни резерви?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Централната банка на Турција има девизни резерви од 95 милијарди долари.

    Ердоган говореше на конгресот на Партијата за правда и развој во западниот турски град Измир, и по тој повод ги критикуваше изјавите на претставниците на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), пренесува агенцијата Анадолија.

    Имено, тој реагираше до лидерот на таа партија во контекст дека Турција треба да позајми од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

    Турскиот претседател потсети дека со преземањето на владата, тие исто така го презедоа долгот на Турција кон ММФ, кој тогаш изнесуваше 23,5 милијарди долари и дека во мај 2013 година тој долг го сведоа на нула.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично