ПОВЕЌЕ

    Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја – електронската аукција ќе се одржи денес

    Време зa читање: < 1 минутa

    „ЕВН Хоум“, ЕСМ или грчката ЕДС – кој ќе ги снабдува граѓаните со струја во наредните пет години ќе се знае денес, по одржувањето на електронската аукција. Шанси да го добие овој вносен тендер има компанијата што ќе го исполни условот за ниска профитна маржа. Пониска од актуелните 11,5 проценти што ги практикува универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“.

    Всушност, во 15 часот истекува рокот за доставување на потребната документација, по што ќе уследи отворање на понудите.

    На досегашниот снабдувач договорот му истекува годинава, на крајот од јуни. Компанијата која денес ќе се стекне со тоа овластување, со работа ќе почне од први јули.

    Јавниот повик за избор на нов универзален снабдувач во наредните пет години Владата го објави на 11 декември минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично