ПОВЕЌЕ

    Кој ја крева вредноста на акцијата на Стопанска банка Битола?

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка Битола има слична акционерска структура како и  ЗК Пелагонија на  која во текот на вчерашниот ден Македонска Берза и КХВ го суспендираа тргувањето со акции на Комбинатот.

    Кога станува збор за Стопанска банка Битола, од почеток на Февруари се истргувани преку 2 600 акции (0,67% од сите акции на банката) од кои 2 150 акции во последните неколку дена.

    Оваа недела, акцијата забележува раст од 10 % на дневно ниво.

    Дали некој има инсајдерски информации и тоа е причина за растот на акцијата?

    И Македонска берза побара одговори од Стопанска банка Битола за порастот на цената на акцијата.

    -Во врска со барањето за информација од страна на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје доставено до Стопанска банка а.д. Битола на 17.2.2021 година, а во врска со актуелниот пораст на цената на акцијата во периодот од 12.2.-17.2.2021 година, Ве известуваме дека Банката нема никакви дополнителни ценовно чувствителни информации кои не ги објавила, а кои би можеле да имаат влијание врз порастот на цената на акциите.

    Воедно, нагласуваме дека инвеститорите своите инвестициски одлуки треба да ги базираат на јавно достапните и официјално објавени информации од страна на Банката, велат од Стопанска банка Битола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично