ПОВЕЌЕ

    Кој е најплатениот американски банкар?

    Време зa читање: 2 минути

    Извршниот директор на Морган Стенли, Џејмс Горман стана најплатениот американски банкар. Неговата годишна плата се зголеми за 22 проценти, и сега изнесува шест милиони долари.

    На шефот на Морган Стенли му беа исплатени дури 33 милиони долари за сработеното на Волстрит во 2020 година, а во 2019 година доби 27 милиони долари. Според Ројтерс, неговата плата таа година паднала за седум проценти.

    Всушност, структурата на приходите на Горман изгледа вака: основната плата е 1,5 милиони долари, бонусот во пари е 7,8 милиони долари, а наградата во акции е скоро 24 милиони долари. Две третини од наградата за акции е поврзана со резултатите. Тие беа фантастични, а бордот на директори го награди тоа.

    Под негово водство, минатата година за Морган Стенли беше рекордна, во однос на финансиските перформанси, со нето добивка од 11 милијарди долари (раст од 22 проценти) и поврат на акциите од 15,2 проценти. Годишните приходи беа 48,2 милијарди американски долари и пораснаа за 16 проценти, што им донесе скок на берзата и голем број на спојувања создадени по првичниот шок на пазарот поради пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично