ПОВЕЌЕ

    Кој е човекот што е број еден на листата на најбогатите

    Време зa читање: 3 минути

    Францускиот бизнисмен Бернард Арно е новиот најбогат човек на светот. Неговото богатство се проценува на повеќе од 192 милијарди долари, што најмногу доаѓа од неговата мултинационална компанија и конгломерат ЛВМХ и тоа беше доволно за да го престигне сегашниот лидер на листата на најбогати, Џеф Безос.

    Овој Французин, кого често го нарекуваат „папа во светот на модата“, е неспорно најбогатиот Европеец од 2018 година, кога неговото богатство беше проценето на нешто повеќе од седумдесет милијарди долари. Во последниве години, тој посериозно влезе во оваа трка од глобални размери, каде повремено заземаше едно од првите пет најбогати места.

    Тој се искачува на врвот на листата поради неговиот премногу успешниот бизнис на компанија LVMH во изминатите 14 месеци. Во тој период, тој го зголемил своето лично богатство за неверојатни 110 милијарди долари и со тоа станал првиот Европеец што се појавил на врвот на листата по скоро еден век.

    Компанијата LVMH е специјализирана за производство и продажба на луксузна облека, која поседува некои од најпознатите светски брендови како Диор, Луј Витон, Хенеси, Живенши, Лоро Пијана… Вредноста на оваа компанија на пазарот постојано расте, па во  последно време според некои проценки изнесува нешто помалку од 400 милијарди долари.

    Според истражувањето на аналитичарите од Инвестициската банка Jefferies, и според Форбс, растот на приходите од 17 милијарди долари (32 проценти во споредба со 2020 година) е резултат на масовните набавки на нивните производи во Кина.

    Самиот Арно, како и компанијата ЛВМХ, има многу интересна биографија. Тој е дипломиран инженер, кој по завршувањето на престижниот „École Polytechnique“, започнува да работи во градежната компанија на неговиот татко и веќе ги покажува и реализира своите визионерски идеи.

    По неколку години поминати во компанијата, тој успева да го убеди својот татко да ја смени насоката на деловната активност во насока на купување и тргување со недвижнини, со акцент на изградбата и развојот на туристички комплекси. Станува директор на компанијата во 1974 година, а компанијата ја презема целосно од неговиот татко во 1979 година.

    Неговиот влез во светот на модата започна во 1984 година кога го купи „Financière Agache“ со помош на еден партнер и на тој начин ја презеде контролата врз „Boussac Saint-Frères“, текстилна компанија во сопственост на Диор и продавницата „ „Le Bon Marché“. Од тука, Арно тргнува да ја гради својата империја.

    Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, Арно излезе со идеја да ги собере најсилните брендови во Франција и Европа под еден покрив, а со тоа беше создадена и компанијата LVMH. Во следните години, компанијата спои многу од најпознатите светски брендови.

    Денешниот успех на компанијата непобитно докажува дека Арна заслужено е наречена „папа на модата“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично