ПОВЕЌЕ

    Кој банкар купи 500 акции од банката со која раководи?

    Време зa читање: 2 минути

    Професор д-р Драгољуб Арсовски коj од неодамна е реизбран за Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, се стекна со 500 обични акции од банката која ја раководи.

    Оваа објава, Банката ја соопшти денеска на Македонска берза.

    ТТК банка известија минатата недела дека закажале Собрание на акционери на кое на дневен ред е одлука за распределба на дивиденда.

    „Како резултат од работењето во 2020 година ТТК Банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 100.922.015 денари. По одбивањето на данокот на добивка во износ од 10.291.802 денари, останува добивка по оданочување во износ од 90.630.213 денари. Се предлага износот на нераспределената добивка од 90.630.213 денари да се распредели дел за резерви и дел за исплата на дивиденда во бруто-износ на обични акции, стои во предлог одлуката на ТТК банка.

    Нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје, по Годишната сметка за 2020 година во износ од 90.630.213 денари, се распределува на ваков начин – за  резерви 8.920.293 денари а за дивиденда за обични акции во бруто-износ  од  81.709.920 денари.

    Остварениот финансиски резултат на банката чии акции котираат на официјалниот пазар на Македонска берза покажуваат дека ТТК БАНКА И ПРКОСИ НА КРИЗАТА И ПРОКНИЖИ 1,47 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично