ПОВЕЌЕ

    Кина планира да стане прва земја со своја дигитална валута

    Време зa читање: < 1 минутa

    Кина се подготвува да стане првата земја која ќе имплементира своја дигитална валута. Централната банка на Кина објави неколку детали за проектот за електронско плаќање за дигитална валута (DCEP). 

    Некои велат дека DCEP покажува и финансиска иновација и желба на владата да ја зголеми контролата врз движењето на парите. Како и оние форми на плаќање, кинеската валута ќе се чува во дигитален паричник .

    Она што е нешто поразлично е дека централната банка на Кина ќе може да следи каде одат парите, па дури и да го надгледуваат тргувањето.

    Експертите велат дека целта на овој проект е Кина да ја заштити својата економија во време кога поновите платни системи би можеле да дозволат нелегални протоци на пари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично