ПОВЕЌЕ

    ЌЕ ПРОРАБОТИ ЛИ НАФТОВОДОТ СОЛУН- СКОПЈЕ по пресудата на Арбитражниот суд во Париз?

    Време зa читање: 3 минути

    Ќе профункционира ли нафтоводот од Солун до Скопје откако Арбитражниот суд во Париз донесе одлука во корист на Helleniq Energy (некогашен Хеленик Петролеум) во случајот ОКТА? Според информациите кои ги пренесува специјализираниот грчки магазин Енерџи Прес, арбитражниот суд досудил 80% од побарувањето од 32 милиони евра на грчката компанија за прекршување на договорните обврски на Македонија за набавка на најмалку 500 илјади тони нафта на годишно ниво. Според пресудата, Македонија треба да плати пенали обесштетување во висина од 25,6 милиони евра.

    Се потсетува дека овој договор беше дел од купувањето на рафинериите на ОКТА од страна на Хеленик енерџи (ЕЛПЕ), што, сепак, не беше испочитувано.

    Ова е втор пат како државава е казнета за неисполнување на договорот со грчката компанија. Претходната пресуда на Арбитражниот суд беше на 40 милиони евра. Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500.000 тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската. Овој договор долги години беше оценуван како штетен.

    Енерџи Прес тврди дека арбитражниот случај во кој Хеленк Енерџи индиректно бил поврзан со плановите за повторно отворање на нафтоводот, со цел тој да транспортира дизел од Солун до Скопје. Според информациите, пред неколку дена биле извршени потребните проверки при што било констатирано дека цевководните објекти се функционални и безбедни.

    Информациите покажуваат дека дел од побарувањето на Helleniq Energy се очекува да се компензира со трошоците за надградба на гасоводот со цел тој да функционира како прв голем цевковод за транспорт на производи наместо сурова нафта. Нафтоводот ќе има капацитет од 1 милион тони дизел годишно за да ги задоволи потребите на соседната земја. Со цел повторно отворање на нафтоводот, Вардакс С.А. која го контролира нафтоводот (80% Helleniq Energy, 20% Naftovod Dooel Skopjie) поднесе барање до Регулаторната управа на Македонија за негово рестартирање.

    Нафтоводот, долг 213 километри и способен да транспортира 350.000 метрички тони нафта, престана со работа во 2013 година кога ЕЛПЕ ја оцени рафинираната активност на ОКТА за непрофитабилна. Изграден е во 2002 година, со цел да се поврзат рафинериите на Солун со рафинеријата на компанијата ОКТА во Скопје, која во 1998 година ја купи Хеленик Петролеум.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично