ПОВЕЌЕ

    ЌЕ ИМА ТЕПАЧКА: Илон Маск на Твитер го предизвика ривалот Цукерберг на „пресметка во кафез“, тој одговори- „Прати локација“

    Време зa читање: 3 минути

    Ривалството на двајцата технолошки милијардери, Илон Маск и Марк Цукерберг, од деловното поле се пресели на социјалните мрежи, а се заканува да продолжи – и во кафез. Милијардерот претприемач и сопственик на Твитер, Илон Маск, преку социјалните мрежи го предизвика на физичка пресметка Цукерберг, а шефот на Фејсбук на ист начин му одговори дека е подготвен за тоа.

    Маск, имено, (на Твитер, нормално) ја започна расправијата во средата со смеење на сметка на Мета на Цукерберг, кој објави дека лансира свој „разумно воден“ конкурент на Твитер, наменет за микро-блогирање. „Сигурен сум дека планетава едвај чека да биде исклучиво под палецот на Зак без да има други опции“, твитна Маск подбивно. „Ама, барем ќе биде „разумно“.

    Претприемачот роден во Јужна Африка потоа додаде: „Јас сум подготвен за тепачка во кафез ако тој е, lol“. Цукерберг кусо одговори на Инстаграм (кој е во сопственост на Мета), постирајќи скриншот од твитот на Маск, со: „Испрати ми локација“.

    „Ако е сериозен, ќе го направам тоа 🔥🔥“, твитна Маск како одговор на скриншотот од приказната за Инстаграм на Цукерберг. Подоцна, тој твитна „Октагон на Вегас“, мислејќи на место кое се користи за борби во првенството на Ultimate Fighting.

    Запрашан дали размената е сериозна, портпаролот на Мета изјави за Verge: „Приказната зборува сама за себе“.

    Ако двајцата милијардери на крајот направат тепачка еден на еден во октагонот, судењето на натпреварот би можело да биде работа за комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој треба да се сретне и со Маск и со Цукерберг за време на патувањето во САД оваа недела – и сака газдите на Big Tech, меѓу кои што се и Твитер и Мета, да го нарекуваат „The Enforcer“ („Спроведувачот“).

    Маск, чиј непредвидлив стил на управување откако го купи Твитер за 44 милијарди долари минатиот октомври вклучува илјадници отпуштања, е познат по грешките на платформата што ја поседува.

    „Дали сум си пукал во нога со твитови повеќе пати? Да“, рече Маск во интервју за Би-Би-Си во април. „Мислам дека не треба да твитам по 3 часот наутро“.

    Навистина, Цукерберг може да има предност ако караниците на милијардерите навистина станат физички: извршниот директор на Мета се занимава со бразилско џиу-џицу за време на пандемијата, освојувајќи го својот прв локален турнир во Калифорнија минатиот месец.

    Комесарот за внатрешен пазар на Европската Унија, Тиери Бретон, пред неколку дена допатува во Калифорнија за да спроведе, како што самиот изјави, „стрес тестови“, односно за да види како компаниите за социјалните медиуми се подготвуваат за нови правила за содржина, познати како Закон за дигитални услуги (DSA). Тој и претставниците на Европската комисија ќе се сретнат со Google, Twitter и Meta Platforms за време на неговото патување во САД, најверојатно по 19 јуни. Бретон сака да види дали тие се подготвени за новите правила на ЕУ, кои стапуваат на сила во август, и носат казни до 6 отсто од годишниот приход на фирмата.

    „Одиме таму, но не сакам да зборувам премногу. Ние го нудиме ова и среќен сум што некои платформи го прифатија нашиот предлог“, рече Бретон за необврзувачката проверки на усогласеност. „Јас сум спроведувачот, јас го застапувам законот, кој е волја на државата и народот“, изјави Бретон.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично