ПОВЕЌЕ

    КБ Прво пензиско друштво: 18 успешни години со повеќе од 273 илјади членови и портфолио од милијарда евра

    Време зa читање: 3 минути

    Планирање на животот денес, со одговорност кон иднината и овој мај изминуваат 18 години откако на пазарот, како дел од реформираниот пензиски систем се појави КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Период обележан со професионално работење и стекната доверба од стотици илјади членови, кои инвестираат во иднината и токму за таа цел на КБ досега му довериле на управување една милијарда евра.

    Затоа, денес се зборува за стабилна општествено одговорна компанија, етаблирана и препознатлива во областа управување со пензиски фондови. Во таа насока се и официјалните податоци, објавени од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

    Последните показатели се со состојба од последниот ден на април. Тогаш нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд изнесувале 60.437,31 милион денари или 981,9 милиони евра. Тие средства доаѓаат од граѓаните. Вкупниот број членови и времено распределени лица во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје е 273.497. Во доброволниот пензиски фонд, пак, членството брои 16.345 лица со индивидуална и/или професионална сметка. Оттаму, во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд нивните нето средства се во износ од 1.575,50 милиони денари, односно речиси 26 илјади евра. Збирот укажува на сума која го надминала прагот од една милијарда евра и во моментот е најголемото инвестиционо портфолио во државата.

    Освен професионалниот третман на клиентите и нивните пари, КБ Прво пензиско друштво е препознатливо и со односот кон опкружувањето. Во тој контекст се посочува пионерската улога на фондовите со кои управува, во примена на одговорно инвестирање. Тоа значи вложувања во инвестициски фондови кои се грижат за животната средина, општеството и доброто корпоративно управување, познато како ESG концепт – светски тренд кон кој се стремат пензиските фондови во сите развиени земји.

    Во таа насока, во 2021 година, КБ направи исчекор кон подобрување на условите во заедницата преку помагање и унапредување на животната средина. Со еколошката активност чие мото е „Замени и засади”, членовите се охрабруваат да го заменат зелениот коверт во кој е спакуван годишниот извештај со електронската поштадобивање на извештајот преку електронска пошта. За секоја замена Друштвото сади по едно дрво во регионите каде што недостасуваат. Досега се реализирани три успешни акции за пошумување на различни локации во земјава, при што се засадени повеќе од 5.200 садници. Секако, акцијата продолжува.

    За остварените резултати во работењето следуваат и награди. Минатата година КБ ја доби престижната награда „Best Passive Investment Management“ на настан во Ротердам, Холандија, а во организација на IPE. Investment & Pensions Europe е водечка европска публикација за институционални инвеститори и пензиски фондови, чии податоци и информации ја даваат најавторитетната слика за пензиските средства ширум континентот.

    Сите овие успеси и 18-от роденден КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ќе ги прослави во недела (21 мај), во Градскиот парк во Скопје, на Школка. Тогаш и ќе се одржи настанот „Замени и засади”, кој е од отворен карактер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично