ПОВЕЌЕ

    КБ Прво пензиско друштво го објави месечниот извештај за финансиските движења

    Време зa читање: 1 минутa

    ГЛАВНИ ДВИЖЕЊА НА СВЕТСКИТЕ ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

    Позитивните вести за развојот на вакцини против Корона вирусот, како и позитивната перцепција на пазарите за резултатите од претседателските избори во Соединатите Американски Држави, доведоа до зголемување на вредноста на глобалните пазари на капитал во текот на месец ноември за 12,21% (мерени преку MSCI ACWI индексот).

    Најголем раст во текот на месецот имаа европските акции чија вредност се зголеми за 13,73% (мерени преку STOXX 600 индексот) и акциите на американските компании со раст од 10,75% (мерени преку S&P 500 индексот).

    Од почеток на годината, најголем раст на вредноста имаат американските акции чија вредност се зголеми за 12,10% и акциите од Азиа – Пацифик регионот со раст од 10,88% (мерени преку MSCI Asia – Pacic), а пад на вредноста имаат само европските акции, чија вредност се намали за 6,37%.

    Во прилог е месечниот извештај за пазарите за ноември 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас [ месечен извештај ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично