ПОВЕЌЕ

    Капитал банка објавува оглас за вработување

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Самостоен референт во Одделение за ИТ.

    Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

    Работни задачи:

    • Администрација и параметризација на банкарските апликации согласно бизнис барањата;
    • Дефинирање на финансиски извештаи и анализи;
    • Базична администрација на мрежи;
    • Back up на податоци;
    • Процедура затварање на ден;
    • Поддршка на корисници;
    • Останати работни обврски по барање на Раководителот на Одделението за ИТ и/или Управниот одбор.

    Кандидатите треба да поседуваат:

    Работно искуство и образование: Минимум 2 години и ВСС од областа на ИТ

    Дополнителни квалификации:

    • Активно познавање на Англиски Јазик и
    • Познавање на Office пакет.

    Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].mk

    Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

    Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 16.08.2020 година.

    Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично