ПОВЕЌЕ

    ЈП Морган: Работата од дома е неефикасна, вработените се враќаат во канцелариите

    Време зa читање: 2 минути

    ЈП Морган забележаа дека работниците работејќи од дома, ја намалува продуктивноста, пишува Блумберг.

    Стапката на извршена работа беше најпогодена во понеделник и петок, според податоците што извршниот директор на компанијата Џејми Димон ги презентирал на аналитичарите од компанијата „Киф, Брујет и Вудс“.

    Банката забележа намалување на ефикасноста „кај сите вработени, не само кај помладите“, подоцна изјави портпаролот на PMПМорган, Мајкл Фуско.

    Банката ЈП Морган побара од своите вработени да се вратат во канцелариите до 21 септември, со што стана првата американска банка што направи таков потег за да ги надополни своите работни места.

    На работниците во други функции им е наредено и да се вратат во зградата во Њујорк со максимално дозволен капацитет, засега, 50 проценти.

    Финансискиот гигант верува дека помладите работници „би можеле да ја пропуштат можноста да научат“ со тоа што не биле во канцелариите, со проценка дека теле-работата не може да ја замени вистинската интеракција, пренесува порталот Новаекономија.рс.

    Додека пред-пандемичните истражувања покажаа дека теле-работниците се исто толку ефикасни како „обичните“ канцелариски работници, имало прашања за тоа како вработените ќе бидат погодени од присилната забрана за време на пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично