ПОВЕЌЕ

    Јавна опомена од Македонска берза за четири друштвa

    Време зa читање: 2 минути

    Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево и ДС Смитх АД Скопје добија јавна опомена од Македонска берза, порди непостапување според берзанските правила. Изречената мерка им објавена на интернет страницата на Берзата.

    „На друштвата Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје и Жито Караорман АД Кичево, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација“, информираат од Македонска берза.

    Како што се посочува, ДС Смитх е опоменат заради необјавеното образложение на постигнатите минатогодишни резултати.

    „На друштвото ДС Смитх АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на образложение на резултатите кон неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2024 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 4 од Правилата за котација“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично