ПОВЕЌЕ

    Јапонската централна банка планира своја дигитална валута

    Време зa читање: 2 минути

    Јапонската банка објави во понеделникот дека започна експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Со овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор.

    Кинезите подготвуваат план за дигиталниот јуан да влезе во масовна употреба, а Русија исто така најави тестирање на руската руба во електронска форма, оваа година. Покрај тоа, Шведска има намера да стане првото светско општество без готовина, со воведување на дигиталната круна.

    Според регулаторот, првата фаза од експериментот ќе се изврши до март 2022 година и ќе се фокусира на испитување на техничката изводливост на издавање, дистрибуција и купување дигитална валута на централната банка. Потоа ќе се префрли на втората фаза од експериментите, кои ќе ги проучуваат подеталните функции.

    Планот на Јапонската банка беше објавен во октомври. Нејзиниот извршен директор, Шиничи Учида, минатиот месец рече дека банката, доколку е потребно, ќе започне пилот програма со вклучување на даватели на услуги за плаќање и крајни корисници.

    Најавата на Банката на Јапонија доаѓа во време кога глобалните централни банки напредуваат со иницијативи за развој на сопствени дигитални валути. Тие се обидуваат да ги модернизираат финансиските системи и со тоа да ја одбијат „заканата“ што доаѓа од крипто-валутите, како и да ги забрзаат домашните и меѓународните плаќања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично