ПОВЕЌЕ

    Јапонската економија се намалува повеќе од предвиденото

    Време зa читање: < 1 минутa

    Третата по големина економија во светот, Јапонија се намали за рекордни 28,1 процент во вториот квартал во однос на истиот период минатата година, објави тамошната Влада, со ревидирање на прелиминарната проценка дека активноста паднала за 27,8 проценти.

    Економијата на Јапонија се намали повеќе отколку што првично се проценуваше во вториот квартал, со што креаторите на политиките се исправени пред предизвикот за  спречување на подлабока рецесија.

    Дополнително личната потрошувачката е намалена со оглед на проширувањето на влијанието на пандемијата, дури и по укинувањето на мерките во мај.

    Среде историската рецесија, јапонскиот премиер Шинзо Абе најави оставка кон крајот на август поради здравствени проблеми.

    Новиот премиер, кој треба да биде избран во трката за водство на владејачката партија на 14 септември, се обидува да ја ограничи пандемијата, а во исто време избегнува ограничувања на деловната активност.

    Регистрираниот рекорден пад приближно одговараше на просечната прогноза на пазарот за намалување на 28,6% во анкета на Ројтерс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично